Бадемите се богати со витамини, па бадемовото млеко не мора дополнително да се витаминизира.Бадемите содржат витамин ,манган,селен,магнезиум,калиум,цинк,железо,влакна,фосфор и калциум.
Лесно можете да го приготвите и сами дома,па затоа ние ви го предлагаме следниот рецепт:
Состојки:
- 1 чаша сурови бадеми (несолени, непечени)
- 4 чаши вода
- ½ лажичка екстрат од ванила
- ¼ лажичка цимет
- Бадемите ставети ги во сад и додадете вода.Оставете ги да одстојат во водата преку ноќ или 8-12 часа, така што бадемите ќе омекнат, а со тоа се олеснува примената на Бадемовото млеко.
- Потоа процедете ги бадемите од течноста, ставете ги во блендер и додадете 4 чаши вода.
- Миксирајте за време од 1 до 2 минути, додека смесата стане хомогена. Млекото процедете го низ цедилка, или по желба ако сакате додадете екстрат од ванила и цимет.
- Готово бадемово млеко ставете го во шишиња, чувајте го во фрижидер и искористето го во рок од 2 дена.