Доколку сакате да се храните здраво, тогаш чиа пудингот е идеален за вас.
Чиа семето има многубројно својство и дејство за вашето здравје, па дури и со млекото од бадем или овошје се претвара во префкусен појадок или ужина.
Состојки:
- 250мл бадемово млеко
- 2 лажици чиа семе
- 100гр овошје по ваша желба
- 1 лажица мед
- 1 до 2 лажички ленено семе
Начин на припрема :
Во една чаша за вода ставете млеко и 2 лажици чиа семе. Добро промешајте и оставете ја во фрижидер да одстои цела ноќ.
Сабајле, кога ќе ја извадите чашата од фрижидер, ќе приметите дека чиа семето се има набабрено и створено во пудинг.
Вашата чиа пудинг е спремна!