БИМА Нутс ДООЕЛ СКОПЈЕ (во понатамошниот текст: компанија) ви овозможува користење на услугите и содржините на својата интернет страница кои се регулирани со овие Услови за користење и важат за сите содржини, страници, интернет домени и поддомени кои се во сопственост на компанијата. Со користењето на интернет страницата, нејзините содржини и услуги се смета дека корисниците во секој момент се запознаени со овие Услови за користење и со Политиката за приватност и дека во целост ги разбираат и прифаќаат.
Опис на услугите
Компанијата им овозможува на своите корисници преку веб-страницата да се запознаат, подетално, да се информираат, како и да стапат во контакт со претставници од компанијата, со цел исполнување на активности како дополнително информирање, купување, испорака, сервис и останати услуги кои компанијата може да ги понуди, но и да се информира за да стапи во контакт со претставници од компанијата со цел остварување на правата за Заштита на Личните Податоци.
Забрани за корисниците на веб-страницата
На корисниците не им е дозволено:
- пласирање на содржини на веб-страницата или кои било нејзини делови, кои ги кршат постоечките македонски и/или меѓународни закони, содржини кои се навредливи и вулгарни, содржини кои може да наштетат на компанијата или на другите корисници, како и лажни содржини или содржини кои предизвикуваат тензии од каков било вид;
- манипулација со лични и доверливи податоци, како и лажно претставување во име на друго правно или физичко лице;
- споделување на промотивни материјали, рекламни пораки, „спам“, верижни писма, лажни наоди или тврдења;
- свесно пласирање на компјутерски вируси или слични злонамерни компјутерски датотеки или програми со цел уништување или ограничување на работата на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и телекомуникациска опрема во сопственост на компанијата или кои компанијата ги користи;
Забрана за користење на порталот и услугите
Корисниците прифаќаат дека компанијата има потполно право, без претходна дозвола од корисникот или известување да ги отстрани содржините за кои смета дека не одговараат на овие Услови за користење.
Промена на содржините на порталот и услугите
Компанијата има потполно право без претходна дозвола од корисниците и без нивно известување да изврши времена или трајна промена на делови од содржината или целосната содржина на веб-страницата.
Компанијата не одговара за евентуални печатни, технички или останати грешки на веб-страницата.
Промена на Условите за користење
Компанијата го задржува правото на промена на Условите на користење во кое било време, без преземање на одговорност од последиците кои ги предизвикале тие промени.
Промените стапуваат на сила со нивното објавување, корисниците во одреден временски период ќе бидат информирани за настанатите промени, а доколку постои потреба од дополнително прифаќање на променетите услови, на корисниците ќе им биде овозможена и таа опција со првиот влез на веб-страницата, по настанатите промени, но се препорачува и корисниците повремено да ги проверуваат и да се запознаваат со истите.