Рецепти

Путер од кикирики

Кои се придобивките од путерот од кикирики?

По многу едноставниот рецепт, кикириките се многу добри за вашето срце и вашата кожа, затоа што го содржат витаминот Б, кој е богат со протеини и влакна.

Па така можете да го користите како доручек или ужина, а исто така познато е дека од путерот од кикирики се прават најразлични видови на колачи, торти и енергетски барови.

Путерот од кикирики можете да го приготвите со – печени, солени или несолени кикирики.

 

Потребни состојки:

  • 2 чаши суви печени кикирики
  • 1-2 лажици мед или шеќер
  • сол по вкус

Начин на приготвување:

Ставете ги кикириките во блендер. Вклучете го блендерот за храна и оставете го да работи 4-5 минути. За тоа време, ќе видите како кикириките одат во фази од трошки до сува топка до мазен и кремаст „течен“ путер од кикирики. Доколку сакате, можете да додадете мед и сол.

Може да се чува во фрижидер или на собна температура.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *